Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тројца охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски“ се дел од македонската репрезентација и ќе се натпреваруваат на Балканското боксерско првенство што од 18-ти до 24-ти ноември ќе се одржи во Лозница, Србија.
Боите на градот и државата ќе ги бранат Наум Стојаноски, Енис Алиу и Димитар Ѓорески. Тие изминатиов период се подготвуваа и работеа на формата на Златибор.
Охридските боксери се сѐ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22