News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 15, 2024

Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид денеска ја реализираше превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.

Полициски службеници, на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата. Истата започна денеска и ќе трае до 15-ти март 2025 година. Возачите беа потсетени и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.

На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.

Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, неодамна одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.

– Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука