News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 15, 2024

Скопје/Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог Законот за прогласување на Студенчишко блато во Охрид за заштитено подрачје во категорија IV парк на природата се вратени во почетна фаза од страна на собраниската комисија надлежна за заштита на животна средина, заради дополнителна доработка на предлог законите, со цел изнаоѓање на поквалитетни решенија во однос на заштитата на Охридскиот регион и неговото исклучително универзално природно добро.

Оваа информација ја сподели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на годишната конференција на граѓански организации на тема „Соработката помеѓу Владата и граѓанското општество“.

Во однос на исполнувањто на препораките на мисијата на УНЕСКО за заштитеното подрачје Охрид, тој истакна дека постапувајќи по Одлуката на Комитетот за светско наследство од Ријад, надлежните институции, вклучувајки го и Министерството за животна средина и просторно планирање, ги спроведуваат препораките од Комитетот за светско наследство со цел намалување и отстранување на факторите кои негативно влијаат на квалитетот на животот на нашите граѓани.

– Визија споделена меѓу сите учесници е да се зачува исклучителната универзална вредност на доброто, препораките од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО кои силно инсистираa државите членки да ги имплементираат итните мерки за да се нагласат постојните закани и да се спречи појавата на нови закани кои би влијаеле врз исклучителната универзална вредност, напомена Меџити. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука