Охрид, 16. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите денови, членови на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Охрид и волонтерското противпожарно друштво „Ентузијаст Охрид-Дебрца“, заедно со уште седум преставници од Република Македонија, беа дел од македонската делегација во Телфс и Ландек, во Тиролскиот регион во Австрија.
– Целта на оваа посета беше запознавање со системот на противпожарна заштита во Австрија, како држава која е на врвот во однос на функционирањето на волонтерските противпожарни друштва и воедно почеток на повеќегодишна соработка со ТППЕ Охрид и ДПД „Ентузијаст Охрид-Дебрца“. Се работеше на зајакнување на капацитетите на доброволните противпожарни друштва и професионалните единици кај нас, со имплементација на одредени почетни активности и стандарди, информираат од ТППЕ Охрид.
Упатуваат благодарност до Амбасадорот на Австрија Мартин Памер и координаторот на Тиролската област Питер Логар, за укажаната можност и доверба, за учество во овој значаен проектен циклус. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива