Охрид, 17. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– До средината на следната работна недела времето ќе биде стабилно со студени утра. По котлините ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневните температури ќе бидат за неколку степени повисоки. Нов влажен бран кој најпрвин ќе биде проследен со засилен јужен ветер се очекува да започне во среда кон крајот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 32