Охрид, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Fast Boy или Lucas и Felix Hain се враќаат со синглот „Last Summer“, заразна синт-поп песна, на која им се придружува легендарниот музичар Moby, во комбинација со хипнотизирачкиот вокал на Sophie and the Giants.
По неодамнешниот хит „Wave“ кој го достигна првото место на официјалните радио топ листи во Германија, Fast Boy со „Last Summer“ беспрекорно комбинираат енергичен и денс ритам создавајќи атмосфера на незаборавното лето кое го оставаме зад нас.
– Работата со Moby е надреална. Тој е вистински пионер на електронската музика кој секогаш ги поместува границите, вели Felix.
Германското дуо продолжува со големи концерти ширум светот, вклучувајќи и настапи во Колумбија, Полска, Холандија и Шпанија.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива