News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 18, 2024

Кичево, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

– Во периодот од 8-ми јули до 7-ми август 2024 година, во својство на директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат „M9 Mindray“, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари. Пријавениот, ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на Ковид пандемијата, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука