Струга, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти ноември 2024 година, во 18:20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека две лица на возраст од по 30 години од струшкото село Велешта, во угостителски објект во Струга, физички нападнале 30-годишен жител од истото село, а потоа со дрвен и метален предмет, го оштетиле објектот.
– По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 99