Скопје, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“, објавен под закрилата на Croatia Records, својата скопска промоција ќе ја има во сабота, на 23-ти ноември 2024-та во 13:00 часот во „АудиоКултура“.
За таа прилика Иван подготвува и мал акустичен концерт, со своите најблиски соработници. Самиот албум содржи десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови: „Балада за една љубов“ и „Друмови“.
Иван Кукиќ е авторот кој стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, кој го красат интересни соработки; песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, „Sunday vibes“ со Влатко Стефановски, „Life of Jupiter“ со групата Јупитер, „Music philosophy“ со Теодоси Спасов, „Зрно наде“ со Сакис Доволис, а интересниот сингл „Балкан фанк“ е создаден во соработка со Џамбо Агушев и Јан Стефановски. Пред една година, Иван дипломираше музичка продукција и дизајн на звук, а по дипломирањето во Белград се стекна со титулата „Дипломиран уметник на повеќемедиска уметност“.
Кукиќ свири на шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти, компонира, аранжира и пее. Иако е многу млад, овој љубител на музиката често настапува низ регионот, а беше и дел од неколку меѓународни натпревари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива