Багдад, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Првиот попис на населението во Ирак по речиси четири децении почнува денеска, а тоа предизвикува стравувања од судири во земјата која долго време е сцена на политички поделби.
Министерството за внатрешни работи за време на пописот ќе воведе полициски час низ целата земја, ограничувајќи го движењето на граѓаните, возилата и возовите меѓу градовите, областите и руралните средини, со исклучок за хуманитарни случаи.
Внатрешно раселеното население за време на годините на војната ќе се смета во областите каде што оттогаш се населиле, а не во нивните оригинални места на живеење. Пописот нема да ги вклучи Ирачаните кои живеат во странство или oние кои се присилно раселени во други земји.
Се проценува дека Ирак има околу 44,5 милиони жители. Пописот исто така ќе го разјасни бројот на вработени во јавниот сектор во регионот. (Крај)
извор: Независен фото: архива