Охрид, 21. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Резултатите од студија објавена во август оваа година, покажуваат дека процесот на стареење се забрзува од 44-та година од животот.
Познатиот гастроентеролог д-р Will Bulsiewicz посочува на пет навики со кои тој лично му „пркоси на стареењето“. Еве ги неговите секојдневни совети кои, според него, придонесуваат за долговечност.
Вежбање во природа
Секое утро вежбам 30 минути на отворено, вели тој. Вели дека додека се движи, користи ранец со тегови за дополнителна тежина. Шетањето на отворено, според него, го намалува стресот, го подобрува расположението и е корисно за здравјето на дигестивниот систем.
Храна богата со растителни влакна
Се препорачува разновидна исхрана богата со растителни влакна, како што се овошје, зеленчук, грав и семки. Исхраната богата со растителни влакна дава енергија, ситост и долговечност. Студија од 2022 година покажа дека луѓето кои редовно консумираат влакна имаат помал ризик од срцеви заболувања, рак и други вообичаени причини за смрт кои ги носи модерното време.
Помалку алкохол
Иако повремено ужива во пијалок во посебни прилики, гастроентерологот го ограничува консумирањето на алкохол навечер. Тој исто така ја нагласува важноста на умереноста. Редовното консумирање алкохол може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и одредени видови на рак, така што контролирањето на внесот е од суштинско значење за здравјето.
Помалку екрани, повеќе реални врски
Сите заедно треба да го намалиме времето поминато пред екраните и да се посветиме на човечките интеракции. Истражувањата покажуваат дека осаменоста го зголемува ризикот од деменција за 31 отсто, додека премногу време пред екранот може негативно да влијае на спиењето, да предизвика стрес и чувство на депресија.
Квалитетен сон
Раното легнување е помеѓу приоритетите за долговечност и подразбира најмалку осум часа сон во темна и ладна просторија. Добриот сон го помага имунитетот, здравјето на срцето, кожата и нивото на енергија. Недостатокот на сон, од друга страна, може негативно да влијае на меморијата и продуктивноста.
Дневните прошетки, разновидна исхрана богата со влакна, намалување на алкохолот, вистинските врски и квалитетен сон се пет начини со кои можеме да ги одржиме телото и умот здрави. Малите промени во секојдневните навики можат да направат голема разлика за долгорочното здравје. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr