Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Избегнувањето на вештачки засладувачи може да го намали ризикот од срцев удар, а експертите тврдат дека една шолја топло какао може да ги донесе истите придобивки. Клучот е да се користи незасладено, чисто какао, кое е богато со флаваноли – моќни антиоксиданси кои се наоѓаат и во овошјето и во зеленчукот.
Флаванолите, како што објаснува диететичарот Sophie Lauver, можат да ја забават апсорпцијата на јаглехидратите, да ја подобрат чувствителноста на инсулин и да ги зачуваат бета-клетките во панкреасот.
– Резултатите од студиите покажуваат дека какаото може да помогне во одржувањето на панкреасот здрав и да го регулира инсулинот, што може да го одложи или спречи почетокот на дијабетес тип 2, изјави таа.
Флаванолите го подобруваат протокот на крв во организмот, ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат крвниот притисок, а со тоа го намалуваат обемот на работа на срцето и ризикот од срцев удар. Многу комерцијални производи од топло какао содржат ниски нивоа на флаваноли, па затоа најдобар избор е пијалокот да го подготвите дома. За подготовка на какао препорачува и темно чоколадо бидејќи има поголема концентрација на флаваноли.
Сепак, ниту една храна сама по себе не го намалува ризикот од дијабетес и срцев удар, а умереноста е исто така многу важна. Најдобри резултати се постигнуваат преку комбинација на разновидна исхрана, редовна физичка активност, квалитетен сон и управување со стресот. Сите овие навики работат заедно за да го заштитат вашето срце и да помогнат во спречување на дијабетес. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr