Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се сеќавате ли на охридскиот Тајсон/Дџ Коне? Помните ли некој од неговите легендарни муабети или песните кои ги сними?
Ќе се сетите ли на „Не можам да се сетам“ или на „Неко меџу нама није наш“ – неговите две песни? Можеби некаде сте слушнале и некој од неговите легендарни муабети – за Верица од Социјално, дувај мајсторе, барем едно станче да купевте, можам да издржам за хамбургер, за слоновите кои живеле во „Инекс“, на турнеја бев лудница е таму, Биви Кин со Г, за инглиш ветерфлај, Џејмс Ди… Н, Брус Влилис, Џони ЛиЛи У Кукер, Еди Мафлин…
Иако своевремено беше изработен и видео спот за оваа песна, за жал се изгуби некаде низ годините, па затоа изработивме нов.
Во спомен на едни убави времиња, кога дружбите на столчињата пред Супер радио беа и Facebook и Instagram и се’ помеѓу, многу пошироко од Охрид… Како дел од процесот за комплетна дигитализација на најстарата архива на Супер радио, дојде време и за овие две песни за кои изготвивме и соодветни видеа за да останат како спомен на едно прекрасно време.
Дел од кадрите се во сопственост на охриѓанецот Љупчо Лепи, со чија дозвола се искористени и за што му благодариме. Песните се снимени во студиото на Супер радио во 1999 година и година-две подоцна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес