Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).
Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.
– Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 48