News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 22, 2024

Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Светата Православна Црква денес ја празнува Преподобна Матрона Цариградска, кај народот позната како Света Петка – Матрона.

Таа е од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград.

Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград.

Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.

Тропар

Великото име Божјо, твоето срце го прими о, Матроно преподобна мајко наша, поуки и сведоштва за животот подвижнички оставајќи ни, Христос те всели во небесните одаи, од таму моли се за оние кои од твојот пример, поучени го празнуваат твојот свет спомен, и Бога Го прославуваат во вечни векови.

Денес се празнува поменот и на Светите маченици Онисифор и Порфириј; Преподобен Јован Колов; Преподобен Ефтимиј Дохијарски и неговиот ученик Неофит; Свети Симеон Метафраст; Преподобна Теоктиста Пароска; Свети Нектариј Егински. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука