Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви ноември 2024 година, во 14:50 часот во Охрид, на булеварот „Туристичка“, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 30-годишна жена од Струга, кај која била пронајдена марихуана.
– По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 29