Струга, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви ноември 2024 година, во 21:30 часот во близина на струшкото село Мали Влај, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 26-годишно лице од Струга.
– При преглед во патничко возило марка „Опел кадет“ со струшки регистарски ознаки, во кој се превезувал, му била пронајдена и одземена марихуана и грендер. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 24