Битола/Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во еден од старите рударски копови на РЕК „Битола“ треба да биде лоциран новиот Регионален центар за управување со отпад кај Новаци, еден од 5-те вакви планирани во државава, каде отпад треба да носат 18 општини, од Центар Жупа, па надолу преку Струга и Охрид, Кичево и сите оние од Пелагонискиот плански регион.
Оваа идеја која треба комплетно да ги замени и затвори досегашните депонии се подготвува уште некаде од 2010 година, но до денес не е реализирана.
– Замислено во првата фаза да се отворат неколку претоварни центри, претоварни станици во поголемите градови, каде што првично би се вршело третирање односно селекција на дел од отпадот, за да во наредна фаза во организација на новоформираното регионално претпријатие за управување со отпад, кое би го формирале сите општини заедно, целокупниот тој отпад кој ќе биде наменет за во регионалната депонија ќе доаѓа тука, за во наредна фаза, во втора фаза да има секундарен третман, односно селекција на отпадот на истата депонија, изјави Стевче Стеваноски, градоначалник на општина Новаци.
Овој проект на ниво на држава ќе се финансира со кредит од Евопската банка за обнова и развој во висина од 60-тина милиони евра, од кои над 30 ќе бидат потрошени токму за овој Регионален центар кај Новаци.
Комплетната информација на Тв Сител ОВДЕ. (Крај)
извор: Тв Сител/Дарко Штарговски фото: ОхридПрес