Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тројцата охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски“ се вратија со бронзени медали од Балканското боксерско првенство што се одржа во Лозница, Србија.
Наум Стојаноски, Енис Алиу и Димитар Ѓорески беа дел од македонската репрезентација и се покажаа во одлично светло.
Стојаноски го избоксува мечот до крај, додека Ѓорески и Алиу со прекин го освоија третото место. Севкупно, македонската репрезентација од ова првенство се врати со два златни, еден серебрен и шест бронзени медали.
Охридските боксери се сѐ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати.
Следен предизвик е учеството на Државното првенство што на 14-ти декември ќе се одржи во Битола. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива