News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 25, 2024

Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро „падна“ под минимално дозволената кота 693,10 м.н.в.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,09 м.н.в, што е пак за 20 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 12 степени, што е за 0,9 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Билјанините извори, една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина, повеќе од еден месец се без вода.

Алармантната состојба во која се наоѓа Охридското Езеро, идентична како сегашната имаше и во 2020, 2021 и 2022 година, додека пак во 2018 година состојбата беше дијаметрално спротивна, водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максиум (693,75 м.н.в.) кога достигна ниво и од 694,03 м.н.в.

Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука