Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти ноември 2024 година, во 01:40 часот на брегот на Охридското Езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ лишија од слобода две лица од охридското село Трпејца, на возраст од 43 и 42 години.
– Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов“, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, едно од лицата е познато на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов“ и ова за него е второ лишување од слобода овој месец. При контроли извршени на 6-ти ноември 2024 година, тој беше затекнат со 101 парче уловена риба белвица, три рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес