News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 25, 2024

Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“.

– Тој, во текот на 2024 година на катастарска парцела во охридското село Велестово, бесправно и спротивно на Законот за градба, неовластено изградил темели за станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор при увид и контрола извршена на 01.10.2024 година. Притоа, било донесено решение за отстранување на градбата и била поставена службена табла и лента за затворање на градилиштето. При повторна контрола, овластениот градежен инспектор констатирал дека пријавениот бесправно ја отстранил лентата и таблата и бесправната градба била продолжена, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука