Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Обезбедени се 15 интерактивни табли од општинскиот буџет, како и средства за целосно реновирање на една училница, а дополнително во соработка со донатори и изврши доградба на нова училница која ќе се прилагоди за потребите на учениците.
Ова се само дел од новитетите за подобри услови за настава во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид.
– Максимално сме посветени во обезбедување на услови за поквалитетно образование. Денеска го посетив ООУ „Христо Узунов“, каде што се извиршија неколку инвестиции, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Додаде дека во соработка со донатори обезбедени се и соодветни калорифери за греење во училишната спортска сала, со што вкупната вредност на овие инвестиции изнесува 3,405,000 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива