Охрид, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот британски пост-панк бенд The Cure по 16-годишна пауза конечно го објави долгоочекуваниот албум „Songs Of A Lost World“, означувајќи го крајот на долгоочекуваниот кам-бек во рок музиката.
Албумот е веќе поздравен со одлични критики од бројни критичари, при што The Guardian и списанието Rolling Stone го коментираа како „најдоброто издание на The Cure од „Disintegration“. „A Masterpiece of Decay“ е наречен на страниците на The Times.
Аранжманите и текстот ги напиша Robert Smith, лидерот на бендот, кој го осмисли и концептот на насловната страница на албумот.
Бендот The Cure е формиран во 1978 година и во моментов има над 30 милиони продадени албуми ширум светот со импресивна биографија, што сосема оправдано ги прави еден од највлијателните британски бендови на сите времиња.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива