Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, ќе одржи концерт во Скопје на 14-ти март следната година.
Настапот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а со Доминго ќе настапи и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири.
Хозе Пласидо Доминго Ембил е шпански оперски пејач и диригент со преку 150 оперски улоги на италијански, француски, германски, шпански, англиски и руски јазик во најпрестижните оперски куќи во светот. Има освоено 12 Grammy награди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 83