Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.
– До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок особено од крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 27