Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, пукната цевка со профил ф 450 мм, денес во периодот од 09:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците во горната зона од населбите Видобишта и Црногорци, како и селата Велгошти, Лескоец и Лакочереј.
Од ЈП „Водовод“ информираат дека екипите се на терен и ќе работат до целосно завршување со санацијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38