Лос Анџелес, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 3.000 фалсификувани електрични гитари „Гибсон“ се запленети во Јужна Калифорнија, што се смета за најголема заплена на фалсификувани музички инструменти на најпрометниот терминал за контејнери во Северна Америка, соопшти американската царина.
Според проценките на американските власти, тие гитари би биле во вредност од околу 18 милиони долари доколку се автентични, јавија американските медиуми.
Тие беа запленети на пристаништето Лонг Бич во Лос Анџелес, најголемиот терминал на западниот брег, низ кој во 2023 година помина товар во вредност од околу 292 милијарди долари. (Крај)
извор: Сител фото: архива
Прочитано: 25