News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 27, 2024

Охрид, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со апсолутна убеденост можам да повторам дека од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун, бидејќи таму има лизгање на земјиштето, ќе има целосно автопатско решение пред почетокот на летната сезона, рече во гостување на Тв Сител заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за транспорт Александар Николоски.

– Автопатот Охрид-Кичево е симбол на работењето на оваа влада и ќе е симбол за неспособноста на претходни влади. Свесен сум дека ова е проект што е најмногу коментиран во јавноста и за кој најмногу се лажело. Кај селото Ботун веќе е започната рехабилитација на постојниот пат за да и тоа е пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека затоа што ќе се користи до крај на 2026 година. Додека во однос на вториот дел од автопатот 17-на километри од Врбјани па сѐ до над Кичево, ќе биде завршен до крајот на 2026 година и стојам позади овие ветувања, рече Николоски.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Деновиве при увид на работите на делницата, Николоски истакна дека повеќе од 300 машини и преку 600 работници секојдневно работат на автопатот и го промовира асфалтирање во зимски услови и на минусни температури со цел, како што рече, да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука