ноември 27, 2024

Охрид, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве ќе започне новогодишното украсување на Охрид, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа.

За украсување ќе се користат реквизитите што веќе ги поседува општината, а за дополнителна набавка се одвоени околу 1.400.000 денари. Новогодишното украсување на градот планирано е да биде завршено пред празникот Св. Климент.

Инаку, на Градскиот плоштад ќе има организиран дочек на Новата година, а кој ќе биде задолжен за забавата ќе се дознае наскоро бидејќи при крај е подготовката на програмата. Забави ќе има пред и по дочекот на најлудата ноќ, како за возрасните, така и за најмладата популација.

Очекувањата се дека и годинава најголемиот туристички центар во Република Македонија ќе привлече бројни посетители, како од земјава така и од странство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука