Охрид, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Советот на Општина Охрид на вонредна седница едногласно одлучи утре, 28-ми ноември да биде прогласен за Ден на жалост на територијата на општината поради смртта на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј.
Се откажуваат сите културно забавни и спортски настани на територијата на Општина Охрид, а знамињата ќе бидат на половина копје.
Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј почина во понеделникот, на 73 годишна возраст по кусо боледување. Ќе биде погребан на Плаошкиот манастир во Охрид, Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19