News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 27, 2024

Охрид, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти ноември 2024 година, во 11:00 часот во СВР Охрид, 54-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари.

– Според пријавеното, лицето му се јавило на 15-ти ноември 2024 година, се преставило како преставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари. Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24-ти ноември 2024 година им пишал на нивната електронска адреса со барање за инфо кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека највероајтно се работи за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука