Охрид, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти ноември 2024 година, во 15:30 часот во СВР Охрид, 47-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра.
– Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено, на 20-ти ноември 2024 година, на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем. Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на негоавта сметка во Народна банка имал заглaвени 15.630 долари и за да можат да ја извршат уплатата ќе треба да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од 6.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес