Охрид, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 30