Охрид, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Обработката на антологиската „Чукни во дрво“ е дел од новиот албум „London sessions“ на Влатко Стефановски Трио, снимен во Студио 3 на легендарното Abbey Road Studio во Лондон.
И на оваа композиција вокалите и гитарите се на Влатко, додека зад тапаните е неговиот син Јан Стефановски. Тихомир Хојсак е задолжен за бас гитарата, а Дамир Имери е зад Hammond органата.
„Чукни во дрво“, со музика и текст на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, за првпат е објавена во далечната 1989 година, како дел од последниот студиски албум „Путујемо“, на култната група „Леб и сол“.
Некои од најважните и највозбудливите уметници во светот создавале и снимале во ова познато студио. Од Pink Floyd, The Beatles, Fela Kuti, Lady Gaga и Amy Winehouse до Frank Ocean, Brunо Mars, James Blake, Florence + The Machine, Nile Rodgers, Dua Lipa, Liam Gallagher и многу други. На оваа престижна листа се приклучи и нашиот Влатко Стефановски. На новиот албум негови се секако гитарите и вокалните делови, на тапани е еден од најперспективните млади тапанари во регионот, неговиот син Јан Стефановски, а на електричниот контрабас извонредно свиреше Тихомир Хојсак.
Во годината во која Стефановски слави 50 години од својата кариера, Croatia Records организираше повеќедневно снимање на неговиот нов албум во Студио 3 на легендарното Abbey Road Studio во Лондон. Албумот, кој ќе биде објавен на стриминг сервиси, CD и винил, ќе се вика „Влатко Стефановски трио-London sessions“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива