Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово, на граничниот премин Деве Баир, Крушево, Кратово, Пробиштип и на планинските премини Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово-Попова Шапка. Појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива