УХМР: Во Охрид денес претежно облачно и постудено време, со услови за повремени врнежи и температура до 4. степени
ноември 30, 2024

Охрид, 30. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 4 степени.

– Денес и утре ќе има повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука