Охрид, 30. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Боксерите од Боксерскиот клуб „Алексо Огненоски“ од Охрид со забележителни резултати и шест победи се враќаат од Штип каде се одржаа натпреварите од Првата и Младинска Бокс лига.
До вредни победи во своите категории стигнаа Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Димитар Ѓорески, Лука Грозданоски, Михаил Аврамоски, Енис Алиу, а Петар Трајчески беше поразен со контраверзна судиска одлука и борбата му беше предадена на домаќинот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 125