Охрид, 1. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти ноември 2024 година, во 18:40 часот, врз основа на локален распис, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода лишија 30-годишно лице од Охрид.
– Истото се сомничи дека е сторител на кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“, извршени на 29-ти ноември 2024 година, во 03:20 часот, при физички напад врз неговата сопруга. Против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 140