Охрид, 4. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во храмот Воведение на Пресвета Богородица Пречиста во населбата Рача, по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица, утрово ќе се одржи Света Божествена Литургија.
– Подготвувајќи се за светлоносниот празник на Богомајката-Пречиста, ве известуваме дека во храмот во населбата Рача ќе се служи Света Божествена Литургија. Заедно да ги принесеме нашите молитви кон Царицата Мајка, да ни дарува трпение, силна вера, здравје, но да принесеме и молитви за блажен покој на нашиот почитуван Архипастир Митрополит г. Тимотеј, порачаа од Воведенскиот храм во Рача.
Литургијата ќе започне во 08:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Воведенски Храм Населба Рача
Прочитано: 49