Скопје/Охрид, 2. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – До 5-ти декември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).
Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за дополнителни информации студентите може да го контактираат МОН по е-пошта на [email protected] или да ја посетат канцеларијата на приземјето во зградата на Министерството.
Од ресорното министерство потенцираат дека сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студенти кои не аплицирале во претходните активни рокови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива