ОХРИД Најубав: 800 дена и 800 прекрасни фотографии
декември 3, 2024

Охрид, 3. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Зад нас се полни 800 дена во кои Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина.

– Изминативе 800 дена објавивме 800 фотографии од нашиот преубав Охрид. Станува збор за повеќе локации во централното градско подрачје, но и околината, кои се најчесто посетувани од туристите. Идејата е да им понудиме „дневна доза“ на сите на кои им недостасува Охрид, без оглед на тоа дали потекнуваат од градот и живеат или работат на други места во земјата и светот, или едноставно им е паднат „Ohridinot“ во крвта, потенцираат од „Охрид најубав“.

Додаваат дека фотографиите се без непотребни коментари и ретуширања и дека идејата е да се долови оној едноставен и секогаш преубав Охрид, во целата негова убавина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука