Охрид, 3. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри декември 2024 година, во 07:20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 18-годишна девојка од тетовското село Жилче.
– При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 202