Струга, 3. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри декември 2024 година, во 17:10 часот, пред продажен објект лоциран на локален пат помеѓу струшките села Лабуништа и Подгорци, 55-годишна жена од Подгорци го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз 34-годишна жена од Лабуништа.
– По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 68