Охрид, 3. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на својата прва официјална посета на Охрид по нејзиното именување на функцијата амбасадорка на Холандија во Република Македонија, Узлем Џанел го посети музејот на Холандскиот писател А. Ден Доолаард во Охрид.
– Се дисктутираше за работата на музејот, холандските посетители и како ова културно наследство од Холандија преку пишаниот збор од еден писател од 1950 година до ден денес ја промовира нашата држава, традициите и културните вредности. Амбасадорката испрати позитивна критика за работата на музејот и колку е важно да се продолжи иницијативата за музејот да биде отворен и на тој начин да се промовираат двете држави во иднина, информираат од музејот.
Секоја година го посетуваат илјадниците туристи од Холандија, но и од целиот свет. Влезот е бесплатен и сите што сакаат да го посетат во текот на летната сезона музејот е отворен секој ден, а во преостанатите месеци можат да закажат посета.
Амбасадорката ја поздрави и иницијативата на Крсте Пурцов, директор на музејот којшто ова лето во соработка со општина Охрид започнаа низа активности за реставрација на споменикот на А.Ден Доолаард кој се очекува да го добие својот полн сјај пред почетокот на следната сезона.
– Се очекува да продолжи соработката и во иднина, каде што се планира во текот на следната сезона да има низа настани низ коишто ќе се промовираат културните вредности, традициите и соработката меѓу двете држави. Првиот официјален настан ќе биде на 26-ти Јуни во просториите на музејот каде секоја година се организира комеморативен настан во чест на Холандскиот писател, потенцираат од музејот на Холандскиот писател А. Ден Доолаард во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива