Вечерва реприза на „Цепенков’N’Roll“ на Детското драмско студио „Драмакидз“
декември 13, 2024

Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва од 20:00 часот, ќе се одржи реприза на 3-та по ред детска театарска претстава на Детското драмско студио „Драмакидз“ насловена „Цепенков’N’Roll“.

– „Цепенков’N’Roll“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата. Оваа претстава не е само омаж на македонското културно наследство, туку и можност зa децата да ја истражат и реинтерпретираат традицијата, носејќи ја кон иднината. Претставата трае 40 минути. Режисер е Ирена Стеријовска Јончевска, драматургија Ирена Стеријовска Јончевска и Кристина Тодороска Петреска. Улоги Евгенија, Бојан, Ирма, Леона С, Јана, Горазд, Бојана, Наталија, Ангел, Леона П, Марија, Лора, Леа, Матеј, Климент, Софија, Илина, Коста, Борис, Мила, Даријан, Елеонора, информираат организаторите.

Билетите по цена од 150 денари можат да се купат на билетарата при Центарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука