Охрид некогаш: Фотографии на Josef Székely од 1863 година
декември 11, 2024

Охрид, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи се објавени прекрасни фотографии од Охрид од пред многу години.

Истата е дело на Josef Székely , фотограф во експедицијата од 1863 година на германскиот научник и патеписец Јохан Георг фон Хан (1811-1869) по течението на реката Црн Дрим, која тргнала од Албанија, минала низ Дебар (каде што прави 2 фотографии), Струга (Калишта), Охрид (останува 10 дена и прави 11 фотографии), Монастир (Битола), Велес, Демир Капија (Железна порта) до Солун на Егејот.

Овие фотографии од 1863 година се најрани познати фотографии од Македонија. За жал, објавувањето на фотографиите се покажало премногу скапо за Виенската академија на науките и тие биле изоставени од извештајот што Хан го објавил за експедицијата во 1867 и 1869 година. Како резултат на тоа изоставување, колекцијата Секељ, која е меѓу најраните фотографии досега направени на јужниот Балкан, паднала во заборав. Во 1889 година, тринаесет од фотографиите биле публицирани во томот Makedonien und Alt-Serbien (Македонија и Стара Србија) од Спиридион Гопчевиќ (1855-1936), но тие не биле препишани на Секељ и биле објавени без датум. После тоа, колекцијата исчезнува повеќе од еден век, за да биде повторно откриена во австриската национална библиотека во 2000 година од Марк Коен. Колекцијата „Секељ“ за прв пат била објавена во албумот „Записи со светлина: Рано фотографирање на Албанија и Југозападен Балкан“, Приштина 2007 година. Фотографиите сега се архивирани во Bildarchiv (архива на слики) на австриската национална библиотека во Виена.

Погледнете дел од фотографиите од Охрид и Калишта.

извор: artlexicon.mk фото: artlexicon.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука