Мицкоски: На компаниите кои работеа на автопатот Кичево-Охрид не им беа платени фактурите од ноември 2023 година
декември 11, 2024

Скопје/Охрид, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, тие 40-тина километри, очекувам оваа туристичка сезона веќе да се возат, потврди претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“.

– На компаниите кои работеа на таа делница не им беа платени фактурите од ноември месец 2023 година. Сега се тековни тие фактури, значи зборувам за некаде 70-80 милиони долари, откри Мицкоски.

Тој додаде дека во делот на коридорот 8 и 10д, за потегот Требениште-Ќафасан немаме отворена делница бидејќи 90 проценти е приватно земјиште и е во периметарот на заштитеното земјиште според УНЕСКО. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука