Полначи за електрични возила сега достапни на аеродромите во Охрид и Скопје
декември 11, 2024

Охрид/Скопје, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ЕВН Македонија и ТАВ Македонија воведоа нова услуга – станици за полнење електрични возила на аеродромите во Охрид и Скопје.

Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на „Меѓународниот аеродром“ Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете компании.

Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила – шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука