Охрид, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Започна реконструкцијата на кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“, со што се комплетира сообраќајната функционалност на влезот во Охрид од страната на Битола.
– Предвидена е реконструкција на тротоарот и коловозот, како и поставување на нови рабници и ново јавно осветлување.
Вкупната вредност на проектот е 8.367.000 денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на проектот е АД „Илинден”. Со овој зафат, кружниот тек ќе добие современ изглед и ќе ја подобри безбедноста на сообраќајот во овој дел на градот, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 183